Јана Маринова (Преслава од „Преспав“) во акциона комедија во „Синеплекс“

„Диви и среќни“ е новиот хит филм во Бугарија што ги сруши рекордите во гледаност, а Јана Маринова е еден од продуцентите и главна улога.

Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица на Преспав, Бугарката Преслава, пред македонската публика лично ќе го претстави својот нов игран филм „Диви и среќни” каде таа се јавува како продуцент и главна улога.

„Диви и среќни“ е возбудлива, акциона комедија или road movie, што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што стана еден од најгледаните филмови за 2019 година. Бугарската публика и филмска критика го опиша како „најзабавниот филм во последно време“ и „нешто сосема поинакво од типичните бугарски филмови“.

Филмот е направен за да предизвика интерес и да ја забавува публиката – акција, кул жени, автомобилски трки, од кои некои се направени на чудесно одлични локации, стилизирани костуми, музика, и сè она што го чини еден филм современ и возбудлив!

Приказната е за две жени, најдобри пријателки, што ќе посакаат авантуристичка промена во нивниот очаен живот, но настаните се редат непредвидливо, а полицијата им е “зад петици“. Главните актерки Јана Маринова и Луиз Григорова-Макариев изведуваат каскадерски акробации, скокаат од оган , возат бесни мотори и предизвикуваат судири со автомобили.

Во главните улоги се запишува и актерот Александар Сано, познат како Коса од серијата “Под Прикритие“,  кој исто така пристигнува во Скопје со Маринова по повод премиерата.

„Диви и среќни“ имаше свои премиери ширум Европа. Во декември беше прикажан во Лондон, Глазгов, Единбург и Виена, а сега актерската екипа ќе биде домаќин и на скопската премиера во Cineplexx на 13 февруари, а од истиот датум премиерно ќе се прикажува и во 3D Битола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот