Јана Гигова: Ве молам дозволете ми да се тестирам за коронавирус!

Граѓани кои биле во контакт со лица кои се вратиле од земји со низок ризик од коронавирусот, како Бугарија и Србија, и чувствуваат дека развиваат симтоми на вирусот не можат да се тестираат зашто на телефонските броеви од Институтот за јавно здравје биле одбивани. Јана Гигова од Скопје е музичарка чија мајка последните месеци патувала во Србија и во Бугарија. Таа како музичар што изведува свирки на отворено, вели дека секојдневно била во контакти со странци, кои и оставале пари во странски валути. Проблемот почнал, кога девет дена имала симптоми на коронавирус, силни трески, болки во целото тело и омалаксаност, се јавувала на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје и не и бил направен тест.

– Можноста да имам коронавирус е постоечка. Девет дена имав многу страшни симптоми. Не можам да знам дали го имам или го немам. Веднаш кога пројавив симптоми, ме прашаа што ми се симптомите. Им кажав дека не сум била надвор од земјава, но дека поради мојата професија сум во директен контакт со странци за кои не знам дали хипотетички биле носители на вирусот. Првата недела буквално цело време се тресев, температурата при првото мерење ми беше 38 со 5. Како на бранови, половина час ми беше добро, половина час не. Ми зуеше во главата, тешко дишеш, градите ти се тешки. Имав проблеми и со стомакот, нагони за повраќање, комплетно губење на апетитот. Им кажав дека мајка ми долго време по неколку месеци беше во Србија и во Грција. Тоа не го земаа предвид и ми рекоа дека не тестираат луѓе доколку не биле во контакт со заболен директен контакт, што јас не можам да знам дали сум била. После тоа, ме префрлија да се јавам на друг телефон, од каде што ми спуштија и до ден денешен немам направено тест, вели Гигова.

Нејзината последна свирка била на 8 март и имало многу странци. Во тој момент не се правеше проверка кој бил со заразени од странство. И што ако немале симптоми а хипотетички биле заразени? Не можам да знам. Јас имам опструктивни белодробни проблеми и треба да внимавам да не се заразам со ова, бидејќи сум во групата на хронично болни, имам аномалија на срце, хормонски проблеми. Би сакала да си го заштитам здравјето, додава Гигова.

Таа знае за уште неколку случаи на луѓе кои и покрај тоа што се вратени од Бугарија, се обидувале да направат тест, но телефоните или биле презафатени, или за тестот чекале долго време. Некои дури и излегле позитивни.

-Моите цела зима ја поминаа во Банско, беа во Врање и Солун. Еден познаник кој е дијагностициран со ковид 19 вели дека едвај пратил брисеви. Пет дена се јавувал континуирано да го тестираат и на крај отишол во приватна клиника. Гигова е загрижена за своето здравје и преку медиумите бара помош да и биде дозволено тестирање за вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот