Јамка околу вратот на Македонија

Благојче Атанасоски

Радев е најсериозната политичка фигура кај нашиот источен сосед. Познат по неговите ригидни, антимакедонски, антицивилизациски ставови кон Македонија и кон македонските изведбени атрибути (јазик, идентитет, бит), ова суштество ќе биде сериозна опасност за државно-правниот развој на нашата напатена земја во наредните неколку години на европски план.

Многу ми е мачно кога го гледам најновиот „развој“ на настаните околу замрсените македонско-бугарски односи по претепувањето на младиот охриѓанец, по ново секретар на новоотворениот бугарски клуб во Македонија „Цар Борис Трети“, од т.н. македонски Бугари кај нас. Зошто велам таканаречени? Па, затоа што сите, речиси без исклучок, пред да се самоосознаат како отечествени Б’лгари, идолопоклоници на Софија и на мајка Бъ’лгария, тие беа закоравени антички Македонци во просрпско ориентираната ВМРО-ДПМНЕ на Груевски.
Или, во најмала рака, отворено антибугарската партија на поранешниот премиер, кој под превезот на антикоманијата создаваше омраза кон Бугарија и кон Грција, а градеше многу добри односи со северниот сосед. И кажете ми сега, како овие гревови, овие бедници, кои, да е жив Фејсбук, пред само неколку години пишувале статуси, вееле знамиња вергини со обединета Македонија, го споделувале Гоце Делчев како најголем Македонец, денеска да се најголеми Бугари? Смешно, а тие се уште посмешни. Во прашање се левови или рубљи конвертирани во левови, кои овие несреќни души ги примаат од (не)официјални кругови од официјална и подземна Софија. Човек за пари би ја продал сопствените мајка и брат, не пак родината.
Македонија е далеку позната по таквите свои „синови“. Но, нејсе. Ова младо момче, кое не го познавам, ниту сакам да навлегувам во неговиот интимен и приватен живот (коцкар, дилер, наркоман итн.), сметам дека (не)свесно влегол во една поголема игра каде што на врвот на пирамидата стојат многу моќни луѓе, а тој е само една најситна честичка-марионета од системот што тие го сплетоа околу вратот на Македонија и ја поставија јамката, целејќи да ја задават. Детето, веројатно, полакомено по неколку стотини евра месечно, ја прифатило оваа наменска и вештачка улога што му ја дале: Бугарин по професија!

Радев е руска кукла на конци!

Ајде да ги разберам несреќниците, оние од Битола, ова од Охрид и редум други што мора да дадат отчет за парите добиени од М. Врабески преку К. Каракачанов како главен курир, но никако не можам да ја разберам државната глава на Бугарија, односно претседателот Румен Радев, кој ја игра улогата на бугарскиот Путин спрема Македонија, само во вербална конотација. Нему, а особено на лудаците и психопатите како Костадинов и Џамбаски, јас не се сомневам дека ако им дадете можност би го направиле во Македонија истото што Путин денеска го прави во Украина. Истата омраза, истата реторика, истиот историски комплекс и фрустрација што Украина и Македонија се посебни, независни држави и нации со свои јазици, различни од рускиот, односно бугарскиот.
И, кога ние сме Украина, а тие (Бугарија) се Русија, како тогаш стотици илјади празноглави Македонци навиваат злорадосно за Путин и се ситат на погибијата на Украина и на украинскиот народ? Сите би ги пратил во Негорци. Без исклучок. И во Демир Хисар и во Бардовци. Или би им посакал од сè срце, со вистинска душевна радост да ги осетат ракетите од исток. Од Софија, директно командно истрелани од Радев, како паѓаат врз нивните глави, домови, семејства. За навивачите на Путин, тоа го посакувам. Не се зафркавам.
Да се вратиме на карикатуралниот опасен руски кловн (шпион) Р. Радев. Како врховен командант, како прв човек на бугарската држава, во ситуација кога Бугарија мака мачи две години по ред да создаде извршна политичка влада, овој човек е најсериозната политичка фигура кај нашиот источен сосед. Познат по неговите ригидни, антимакедонски, антицивилизациски ставови кон Македонија и македонските изведбени атрибути (јазик, идентитет, бит), ова суштество ќе биде сериозна опасност за државно-правниот развој на нашата напатена земја во наредните неколку години на европски план. Додека му заврши мандатот и дојде друг Радев. Веројатно полош од актуелниот.
Запомнете го ова од мене: сите креатури појавени како „Бугари“ низ Македонија во овие неколку години, ветото, крајнонацистичките изјави на лудаците од типот на Џамбаски и Костадинив и претходните од политички умрениот Краси Каракачанов, имаат еден ист ракопис: руски. Официјален Кремљ и Русија ќе направи сè Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија, а таа, „курвата од Вавилон“, како што ја нарекуваше во своите колумни покојниот, брилијантен професор Ѓорге Марјановиќ, и не се потресува многу, многу. Напротив, дури како да ѝ одговара(ше) руската супротива на македонските и западнобалканските интеграции. Сè до овој момент, кога чичко Сем се појави од преку барата и нè стави на брза лента, нас и Албанија, а по сè изгледа Србија ќе биде симната од бавната, еднаш засекогаш, ако продолжи со политиката на „Тито“. И со Запад и со Исток или ни со Запад ни со Исток. Дошло је време ќорке. Односно дојде времето маските да паднат, а загриженото лице на српскиот „Путин“ да кажува само едно: дека мора да одбере дали ќе оди на Исток или на Запад. Но, ние да си го гледаме нашиот пат и нашиот ал.

Русија преку Србија и Бугарија ја урушува Македонија!

Колку и да звучи бизарно, равенката е таа: нашиот северен и нашиот источен сосед, од свои национални причини (Србите од прагматични, Бугарите од гневно емоционални), прават сè Македонија да биде што подалеку од западните алијанси. Србите тоа го прават потајно (подземно, со културна и со медиумска пропагандна), заедно со тешките несреќи отаде Осогово, официјално, без скриени ракавици, дрско, со вето и со руски нагазни мини т.н. бугарски културни клубови низ Македонија. А кој е, пак, интересот на мајка Русија и на татко Путин да го прават ова во Македонија, би ме прашале. Ништо особено. Сигурно тој не се заморува со Балканот, најмалку со Македонија. Едноставно сме му монета за поткусурување во еден поширок геополитички контекст и регион, како одмазднички чекор на мешањето на Американците во руската сфера на влијание (постсоветските републики).
Наше е да си го фатиме нашиот пат кон развиените, богати, функционални, средени, чисти и уредени западни општества. Не само да се селиме масовно во нив. Туку и да се научиме како нив тука во Македонија да функционираме. Тие што се за Русија, ќе им субвенционирам со 100 отсто карта во еден правец во Мурманск, Норилск и во Владивосток. Да видат што е „лепота“ невидена! А тие што живеат на Запад, иселени од тука, работат и образуваат деца во западните земји и го величаат другарот Путин и мајка Русија, а плукаат по „гнилиот и зол“ Запад и Америка, за нив има посебен круг во пеколот. На најжешкото во казанот на Луцифер заслужуваат да ги минуваат дните. Тие се дно под дното!

Авторот е политиколог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот