фото: EPA-EFE/STR

Јамал: Финалето во Лигата на шампионите против Реал би било многу посебно

Младата фудбалска ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал во интервјуто за весникот АС, најави две приоритетни цели за себе во блиска иднина – титула со каталонскиот клуб во Лигата на шампионите и светска титула со Шпанија.

Јамал, кој на лето ќе наполни 18 години, призна дека има уште многу да учи во фудбалот и додаде дека финалето против големиот ривал Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите би било многу посебно.

– Имам уште многу да се развивам во мојата игра бидејќи сум млад играч и имам уште многу да научам. На почетокот, кога почнуваш во првиот тим, во елитата, не сакаш да губиш топки и малку си избрзан. Но, потоа добиваш самодоверба и сакаш да правиш повеќе работи, да се забавуваш и да бидеш креативен.

Лигата на шампионите е посебен турнир кој ми го привлекува вниманието уште од дете, уште од времето кога ја слушнав химната на Лигата на шампионите на ТВ. Ме збуни кога првпат ја слушнав химната како играч на теренот. Тоа е како да играм ФИФА на Плејстејшн. Слично чувство имав само за време на Европското првенство – вели Јамал.

Четвртфиналните натпревари во ЛШ ќе се играат во април, а двојките се: ПСЖ – Астон Вила, Арсенал – Реал Мадрид, Барселона – Борусија Дортмунд и Баерн Минхен – Интер.

– Доколку Барса стигне до финалето на Лигата на шампионите, не ми е гајле кој е нашиот противник, но ако е тоа Реал Мадрид, тоа би било многу посебно, нешто уникатно за што сите би биле многу среќни. Нашата цел е да ја освоиме тројната круна оваа сезона. Но, ако треба да изберам еден трофеј, тоа е Лигата на шампионите – рече Јамал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот