Јамајка уапси колумбиски државјанин во врска со убиството на претседателот на Хаити

Јовенел Мојс / Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

Властите на Хаити соопштија дека колумбиски државјанин, кој се смета за осомничен за атентатот на претседателот на Хаити, Џовенел Мојс, бил уапсен во Јамајка, пренесува Ројтерс.

Педесет и три-годишниот поранешен бизнисмен Мојс, кој ја презеде функцијата преетседател во 2017 година, беше застрелан во неговата приватна резиденција во јули оваа година.

Група колумбиски платеници се појавија како главни осомничени, иако никој не е обвинет или осуден во врска со случајот.

Властите на Хаити го идентификуваа лицето кое беше уапсено на Јамајка како Марио Антонио Паласиос.

„Марио Антонио Паласиос е дел од платеничката група. Овој човек е многу опасен“, објави Националната полиција на Хаити на својот официјален профил на Твитер.

Властите на Јамајка денеска потврдија дека едно лице, за кое тие опишаа дека најверојатно е колумбиски државјанин, е уапсено, но тие не дадоа повеќе детали.

Видео на денот