Јакобсен пред Македонија: Реваншот не е мотив, важно е да се пласираме на ЕП!

За данскиот селектор Николај Јакобсен се бесмислени приказните дека Данска намерно загубила од Франција на ЕП/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Данската репрезентација беше совладана од Македонија во Скопје во рамките од третото коло од квалификациската група за Европското првенство следната година.

Денеска од 16.00 часот, олимпискиот и светски шампион на домашен терен во Алборг ќе го игра возвратниот дуел со нашата најдобра селекција.

Селекторот на Данците Николај Јакобсен беше непријатно изненаден од исходот на мечот во македонската престолнина во која оваа скандинавска репрезентација го претрпе најубедливиот пораз во последните седум години.

Но, од нивниот табор тврдат дека немаат посебен мотив да се реваншираат за поразот, туку дека само поважно е пласманот на континенталното натпреварување, без оглед дали ќе се освои првото или второто место во квалификациската група.

– Најважно е да се пласираме на Европското првенство, без разлика дали сме први или втори. Сигурно ќе биде голем неуспех доколку се лизнеме на третата позиција. Затоа мечот со Македонија е од големо значење за нас. Ќе се обидеме да победиме со тоа што ќе бидеме пред нив кога ќе се земе севкупниот двомеч – вели Јакобсен.

Составот на Данска за денешниот натпревар: Н. Јакобсен Ландин, М. Јакобсен Ландин, Јакобсен, Е. Нилсен, Линдберг, Милер, Молгард, Ларсен Менсах, Хансен Тофт, М. Хансен, Ј. Хансен, Андерсон, Н. Нилсен, Холм, Гидсел, Јенсен Халд.

Македонија без Лазаров и Миркуловски против Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот