Јакобсен: Не знам што нè чека во дуелите со Македонија!

Ракометна репрезентација на Македонија/Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Утре најдобрата македонска репрезентација ќе го игра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, после победите над Финска и Швајцарија, следен ривал е актуелниот светски шампион Данска.

Првиот од двата меча ќе се игра во Скопје со почеток од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Новиот селектор Кирил Лазаров ќе го има дебито токму против Данците, а неговиот колега од спротивната страна Николај Јакобсен ги сподели неговите очекувања во пресрет на дуелите со нашата селекција:

– Традиционално добро игра македонската репрезентација во чии редови лидер е Кирил Лазаров. Иако сме светски шампиони не очекувам дека ќе биде лесно на овие натпревари. Сега како селектор го имат Лазаров, а во тимот е и Миркуловски. Звучи комично, но не знам што можеме да очекуваме, што нè чека во овие дуели со нашиот ривал – вели Јакобсен.

Возвратната пресметка помеѓу овие две репрезентации е во Алборг на 14 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот