Јакимовски: Вмровците купуваат нови министерски одела, старите им станале широки од опозицискиот пост

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

„Многу вмровци купувале нови одела за функциите кои што ги очекуваат, министри, заменици, директори, советници итн.,“ пишува во објава на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, во врска со последните изјави од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и можен влез во власта како дел од широка коалиција во која нема да учествува ДУИ.

„Ми кажаа дека имало многу голема гужва во продавниците на „Hugo Boss“ и „Pierre Cardin“. Многу вмровци купувале нови одела за функциите кои што ги очекуваат, министри, заменици, директори, советници итн. Да бидат спремни сосе машна и марамче во џебот. Не е дека до сега немале одела, но им биле широки зошто ослабнале од опозициско постење“, пишува Јакимовски во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот