Јакимовски: Весковски постојано бега од дебата

Стевчо Јакимовски и Душко Весковски/ Фото: Колаж на СП

Душко Весковски по четврти пат бега од соочување на телевизиска дебата, напиша на својот фејсбук Стевчо Јакимовски Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош. Како што вели тој, досега Весковски не се појави на дебатите на Алфа ТВ, Алсат, Цивил Медиа, Канал 77.

Претходно во одговор на новинарско прашање за Канал 5 телевизија, Данела Арсовска му даде поддршка на Стевчо Јакимовски, и побара од него поддршка за вториот круг:

„Поддржувам се она кое што е напредно, кое што е за подобра иднина на градот, и за подобра иднина на општините. И верувам дека сите луѓе кои што имаат коалициски капацитети и луѓе кои што имаат визија за подобро утре, треба меѓусебно да си бидат поддршка. Затоа верувам и дека господинот Јакимовски, исто како и мене, ќе ги повика сите граѓани на неговата општина, а јас еве ги повикувам сите скопјани, без разлика на поделби, без разлика на политичка определба, да ме поддржат во оваа моја трка за градоначалник на градот Скопје.“, изјави таа.