Јакимовски: Следната година децата кои не се од Карпош, ќе бидат отпишани од градинка

Стевчо Јакимовски градинка
Колаж: Стевчо Јакимовски, деца во дворот на најстарата скопска градинка „Орце Николов“ во Карпош 2 / Фото: МИА/EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најверојатно јас ќе предложам на Советот овие деца што се од други општини да останат кај нас до 1 јуни 2022. После 1 јуни, ги известуваме граѓаните да си најдат каде нивните деца ќе продолжат да бидат сместени, затоа што мора да обезбедиме простор за децата од Општина Карпош, изјави вчера градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во утринската емисија на телевизија Алфа.

Јакимовски објасни дека буџетот на општината е намален од 11,5 на 5,5 милиони евра и дека следната година ќе биде година на, како што рече, финансиска стабилизација. Тој додаде дека 2,5 милиони евра општината годишно дава за плати на 380 вработени.

– Ако останеме без прихопди, ние не можеме да им служиме на граѓаните. Подготвен сум да извршам одредена редукција, нема логика да немаме инвестиции, а парите да ги трошиме за плати. Подобро да земеме аутсорсинг компанија од Америка, подобро ќе ги услужи граѓаните, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот