Јакимовски: Сакавме да бидеме фер, но бевме фер на штета на најмладите жители на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска уште еднаш посочи дека ќе се спроведе одлуката за испишување на децата што не се жители на Карпош од градинките на 10 јуни и потсети дека нивните родители уште во декември биле известени за таквиот потег.

Ние можевме веднаш да донесеме одлука и уште на 1 декември да се ускрати гостопримството на тие дечиња, но сакавме да бидеме фер. Меѓутоа, бевме фер на штета на нашите најмлади жители на општина Карпош и на штета на нашите сограѓани – рече Јакимовски и додаде дека на 10 мај, еден месец однапред повторно ги информирале родителите.

Тој како пример за состојбата со градинките во општината ја посочи градинката во Влае каде се запишани 75 деца од други општини, а притоа жители коишто живеат на две улици  или на 300 метра од градинката не можат да го запишат таму своето дете. Тоа, според него кажува, дека се неодговорни како раководство ако нешто не се преземе, затоа што тој е избран од граѓаните на Карпош за да ги решава нивните проблеми.

Значи ние се одлучивме на ваков чекор како крајна нужда, затоа што во исто време имаме намален број на воспитен кадар. Тоа значи дека товарот дополнително паѓа на постоечкиот персонал, па како резултат на тоа тие се преморени, одат на боледувања, па доаѓаме во ситуација техничкиот персонал, луѓето од сметководството, па дури и директорите да ги згрижуваат децата. Имавме случај во една градинка со моето доаѓање да констатирам дека децата се згрижени во ходник, тоа било нивна занимална, нивна спална. Потоа тие деца се сместени во друг дел. Тоа се причините зошто инсистираме градоначалниците од другите општини да си побараат решение за дечињата во нивните градинки – вели Јакимовски.

Тој посочи дека Општината годинава нема доволно средства за да се изградат нови градинки, но, како што најави, веќе наредната година ќе се започне со изградба на првите две нови градинки во Карпош.

Проблем: Децата што ќе бидат испишани од градинките од Карпош, не се на список на чекање во Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот