Јакимовски: Реконструкција на сите спортски игралишта во општина Карпош

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави реконструкција на сите спортски игралишта во општината. Терените кои се
изградени со самопридонес ќе добијат нови рефлектори, ќе бидат обновени оградите и секаде ќе биде поставена вештачка трева.

-Сите спортски терени во општина Карпош што се изградени со самопридонес ќе бидат целосно реконструирани. Ќе бидат обновени оградите, ќе бидат заменети рефлекторите и секаде ќе биде поставена вештачка трева. Конкретно игралиштето во Нерези исто така ќе биде реконструирано.
Ќе биде изнивелирано по пропис, проширено, поставена вештачка трева, ќе ја поправиме оградата,рече Јакимовски.

Најави дека во исто време и детското игралиште кое е во близина, ќе го обноват за да можат да го користат децата во овој дел од Нерези.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот