Јакимовски пак во инспекција, „пребројувал“ хигиеничари по булевари и улици

Градоначалникот Стевчо Јакимовски, повторно бил во инспекција. Овој пат тој контролирал колку работници има на „Комунална хигиена“ по булеварите и улиците во надлежност на Град Скопје и како тие работат.

Инспекцијата ја извршил вчера наутро на булеварите „Илинден“, “8. Септември“, „Партизански одреди“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и на улиците „Рузвелтова“, “Јуриј Гагарин“, „Московска“ и „Љубљанска“.

-На булевар „Илинден“ затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна Американска амбасада, на булевар „Теодосиј Гологанов“ работеше само еден работник кај „Млечен“ и двајца работници спроти „Симпо“ на булевар „Партизански одреди“, кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на „Комунална хигиена“ нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме – информираа од Општина Карпош за резултатите од инспекцијата на нивниот градоначалник.

До овој момент нема реакција од ЈП „Комунална хигиена“ за контролата што ја направил Јакимовски, но има реакција на карпошани.

-Да не треба и задолжените од Општина Карпош за чистота да ги контролирате? Булеварите и покрај неработењето на некои, се многу почисти од општинските улици и зелени површини. Во уличката спроти Сити мол, позади постојката на „Партизанска“ имаат голема депонија направено и ова нон-стоп се случува. Лисја и кал, а камоли трева, не се исчистени од улиците со години. Почнете од дома, а после по комшии – се вели во еден од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот