Јакимовски: Не треба да се прави попис на сила, ќе ни се удри од глава

Власта треба да биде свесна за отстапките што ги прави и за успешен попис и резултати се потребни корекции на тоа што може да се поправи, истакна Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24. Тој го нагласи фактот дека дел од граѓаните одбиваат да се попишат и покрај апелите на политичките партии за неопходноста од спроведување на операцијата. Вели пописот е потребен, но и дека треба да се одложи за два месеца од најавениот термин.

– Ако сакаме да имаме успешен попис и да имаме резултати, треба да се коригира тоа што може да се коригира. Во опасна ситуација сме. Не треба да правиме попис на сила, зошто тоа ќе ни се удри од глава. Народот кога не може да се спротивстави, се повлекува и тоа го искажува на избори, вели Јакимовски кој додаде дека е можен и бојкот, доколку има и најмала сомнеж кај граѓаните.

Тој изнесе низа забелешки, како на пример терминот на спроведување. Јакимовски е за поместување за два месеца што го образложи со безбедноста и на попишувачите и на домаќините, бидејќи ќе може да се седи на отворено, на тераси или дворови.

Го нотира и врзаниот потпис со што државата, вели, се прави бинационална.

– Со тој врзан потпис полека правиме сè. Па, доколку една етничка заедница не биде задоволна со резултатите, нема да ги потпише, коментира лидерот на ГРОМ.

Јакимовски се осврна и на фингер принтот, поточно пописот да се реализира со отпечаток од прст. Се прашува „што е проблемот за техниката да се набави неколку месеци порано, кога веќе се планира да се употребува за локалните избори наесен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот