Јакимовски најавува многу проекти и инвестиции во Карпош

Фото: Слободен печат

По консолидацијата на општинскиот буџет, наредната година ќе има многу инвестиции, проекти и реконструкции во Карпош, најави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Како што вели тој, ќе се зголеми бројот и количината на средствата за реконструкција на лифтови и кровови, а нарачани се и 20 проекти за реконструкции на улици, од кои дел се веќе подготвени и тоа за улиците Козле 12, Козле 14, Козле 16, Козле 20, сите во Нерези.

 Ќе пробиваме дел од улица Влае, кај Тутунскиот комбинат. Атмосферска канализација и реконструкција на паркинзи на улица Јуриј Гагарин позади „Канцона“, како и реконструкција на таа улица. Изградба на улица Скупи 3, Скупи 20. На Козле 3, тоа е во Нерези, водоводна мрежа и ќе се стави нов асфалт, како и крак од улицата Теодосиј Синаитски во Жданец, покрај изградба на водовод и асфалтирање, ќе се прави и потпорен ѕид во тој дел – најавува Јакимовски.

Покрај ова, тој информира и дека ќе се реконструира улицата Загребска и ќе се гради потпорен ѕид, како и крак на улица Бањалучка во Тафталиџе 2, и паркинг на Његошева во Тафталиџе. Во исто време, како што рече, се подготвуваат повеќе проекти за изградба на новопроектирани улици во населбата Бардовци. Изработени се и проекти за реконструкција на фасади.

Јакимовски вели дека во наредниве две месеци ќе се одржат средби со граѓаните по месните заедници, за заеднички да се подобри програмата за наредната година.
.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот