Јакимовски: Мицкоски го задуши набојот за протести против францускиот предлог

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски пристигна пред судот/ Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, но Мицкоски го задуши набојот што го имаше. Јас сум сигурен дека власта ако видеше толку народ, ќе се повлечеа, но очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност. Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај – тогаш е договорена целата работа, вели лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски за протестите против францускиот предлог, кои беа поддржани од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски е убеден дека, доколку дојде до референдумско прашање за преговарачката рамка, тоа ќе биде неуспешно.

-102,6% сум сигурен дека мнозинство за поништување на ова ќе нема. Со тоа мицкоски го бетонира предлогот и со тоа тој добива „пас“ неговите луѓе утре во Парламентот да ги гласаат уставните измени и да се внесат Бугарите. Мојот предлог е следниот: излегуваме јас, тој, Апасиев и другите потпишуваме Декларација со која ако народот ни даде доверба 61 пратеник, ние гарантираме дека ќе го поништиме овој договор. Ова е чесна понуда, нема што да го лажеме и плашиме народот. Во спротивно ова е само фарса исто како пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Тој во 5 попладне кога виде не излегува народот, тогаш се приклучи кон народот, изјави Јакимовски во интервју за ТВ 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот