Јакимовски: Ќе има слободни места во градинките за сите дечиња од Карпош

child in kindergarten,Image: 168287425, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Pavel Losevsky / Panthermedia / Profimedia

Како што информираат од Општина Карпош, вкупниот број на примени деца се искачил на 336 нови дечиња од Карпош кои станале дел од воспитниот процес во градинките на територија на локалната самоуправа.

Од наредниот период ќе има слободни места за сите дечиња од општина Карпош, кои треба да бидат згрижени во градинките кои се наоѓаат на нејзина територија најави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

– До развој на новата ситуација со која се овозможи прием на сите дечиња од Карпош кои беа на листата на чекање и не можеа да се запишат во градинка, дојде по иницијативата на градоначалникот Јакимовски, со која тој предложи да бидат отпишани сите деца кои не живеат на територија на локалната самоуправа. Главна причина за оваа одлука на општинскиот татко беше фактот што досега, најмалите резиденти на Карпош не можеа да бидат згрижени во претшколските установи на своја територија, заради преполните капацитети кои ги зазедоа децата од околните општини – информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Карпош.

Овој Предлогот на Јакимовски наиде на одобрение од советниците од Карпош, кои кон крајот на април годинава ја изгласаа одлуката за утврдување на реони на градинките во Општината.

– Оттаму, по неодамнешната работна средба, директорките на детските градинки го брифираа првиот човек на Карпош за фактичката состојба со расположливите капацитети во предучилишните установи – објаснуваат од оваа скопска Општина.

Според последните информации, во градинката „Мајски цвет“ има запишано нови 211 деца од кои во Тафталиџе 1 – 57 деца, во Тафталиџе 2 – 82 деца, во новиот клон „Јасмин“ – 18 дечиња, а во градинката кај „Млечен“ – 54 дечиња. Градинката „Орце Николов“ дополнително згрижила 10 деца и во оваа установа нема други дечиња на листа на чекање. Градинката „Пролет“ во мај запишала 16, а од неодамна се запишаа уште 18 нови дечиња. На листа на чекање за оваа градинка има 103 дечиња кои ќе бидат згрижени во септември годинава, бидејќи нивните родители одлучиле дека тој период е најсоодветен за нив, за да ги запишат своите деца во градинка.

Градинката „Распеана младост“ во чии рамки функционираат два објекти, (во населбата Карпош 1 и нејзиниот клон „Виножито“ во населбата Бардовци), според најавите ќе згрижи дополнително 81 ново дете.

Како што информираат од Општина Карпош, со тоа, вкупниот број на примени деца се искачил на 336 нови дечиња од Карпош кои станале дел од воспитниот процес во градинките на територија на локалната самоуправа. Како што информираат оттаму, директорките на градинките го известиле градоначалникот Јакимовски, дека секој родител кој има потреба неговото дете да биде згрижено веднаш или пак наредната недела, тоа може да го стори без никаков проблем.

– Тоа значи дека ниту едно дете кое е жител на Карпош, а во моментов има потреба да биде сместено во градинките низ општинава, нема да биде одбиено, освен оние родители кои се изјасниле дека сакаат нивните деца да бидат згрижени во градинка од септември – додаде првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски.

Видео на денот