Јакимовски и „Комунална“ се договорија – добра била хигиената во Карпош

Фото: Општина Карпош

Откако три дена градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски јавно ја прозиваше „Комунална хигиена“ дека не ангажира доволно хигиеничари на територијата на Карпош, а и тие малку што ги има ништо не работат, вчера попладне седна на маса со тим од претпријатието предводен од директорот  Зухди Енуз. Средбата се одржала на барање на Енуз, а на неа е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

Она што е интересно е дека, иако Јакимовски деновиве обвинуваше дека тргнал во инспекција по улиците и булеварите за да види колку ги има и дали работат комуналците, затоа што во последниот период Општината не била задоволна од нивната работа, на средбата било заклучено дека хигиената е подобрена во изминативе месеци.

Заеднички е констатирано дека хигиената во Општина Карпош во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга – информира Јакимовски.

Откако се „закопаа секирите“ веројатно се надмина и проблемот околу тоа во кои контејнери општинските хигиеничари ќе го фрлаат ѓубрето.

„Комунална хигиена“ тврди дека не пратила инспектори во Карпош, туку Еко-патрола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот