Јакимовски ги повлекол од дневен ред сите негови предлози, седницата на Советот прекината

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната седница на Советот ги повлекол од дневен ред точките предложени од негова страна, информираа советничките од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“.

Веднаш по неговото излагање сакавме да ја предложиме нашата точка на дневен ред, но на прашањето дали може и како понатаму да продолжиме од одговорната за поддршка на Совет ни беше кажано да си прочитаме деловник. По паузата за договарање и разјаснување сите вработени од општината си отидоа со што немавме можности да ја продолжиме седницата – велат од граѓанската иницијатива.

Според нив, одбивањето на давање стручна помош, толкување и други информации од стручните лица во Сектор за поддршка на Советот е доказ дека наместо поддршка на Советот, тие, како што велат, станале поддршка на своеволното однесување на градоначалникот.

Не добивме објаснување која е причината за ваквиот акт на градоначалникот, се сомневаме дека тоа беше токму нашиот предлог: Предлог – Одлука за изготвување стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за Градска четврт 3 05 помеѓу булевар Илинден, булевар 8 Септемри, булевар Партизански одреди и улица Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош. Вчера беше уредно испратен до сите советници и службата за поддршка на советот – информираат од „Независни за Карпош“.

За денешните случувања се огласи на фејсбук и претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов.

Стевчо втор пат оневозможува седница кога се гласаат точки за ДУП-ови а не му се во интерес – напиша Ристов.

Од Општина Карпош до овој момент нема одговор која е причината за ваквата постапка на градоначалникот Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот