Јакимовски ги послуша граѓаните: Наместо тотален мрак, ќе свети секоја втора улична светилка

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: МИА

Населбите во општина Карпош повеќе нема да бидат во целосна телница од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро. Општината продолжува со штедење на струјата, но го менува моделот на штедење по барање и по предлог на жителите.

Урбаните заедници во општината одржаа состанок и предложија да има улично осветлување цела ноќ, но да свети секоја втора светилка, а во 4. 30 часот наутро да се гаснат светилките.

Како што информира градоначалникот Стевчо Јакимовски, овој модел на штедење е прифатен, откако претходно се консултирал со Одделението за енергетска ефикасност и фирмата која го одржува осветлувањето, за да се види дали постои таква техничка можност.

Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе од викендов ќе започнеме со преориентирање на светлото, така што секоја втора светилка ќе свети во текот на ноќта, а уличното осветлување ќе се гаси во 4.30 часот – рече Јакимовски.

Жителите на Карпош неколку недели реагираа поради тоа што после 1 часот по полноќ комплетно се гасеше уличното осветлување како мерка за штедење струја, поради што граѓаните се чувствуваа небезбедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот