Јакимовски: Ако некој очекува да ги избркам сите директори на училиштата, немам таква намера

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека директорите на основните училишта ќе се заменуваат како што ќе им истекува мандатот, освен ако нема некаква сериозна причина за нивно предвремено разрешување. Тој  вечерва на својата фејсбук страница во живо им се обрати на карпошани, заедно со раководителите на секторите во Општината, одговарајќи на сите прашања кои граѓаните му ги поставуваа во коментари, меѓу кои и на тоа кога ќе ги менува директорите на основните училишта.

Ако некој очекува од мене дека ќе ги избркам сите директори и ќе поставам нови, јас искрено немам таква намера. Мислам дека ред е да започнеме со мирен трансфер на власта, а тоа значи – да не менуваме директори, да не бркаме луѓе од работа, да не менуваме раководители во општината и други да поставуваме, во спротивно работата ќе трпи. Мислам дека не е во ред да бламираме некој директор пред 800 деца и нивните родители, освен ако имаме некои сериозни проблеми, за  коишто работниот колектив, односно родителскиот совет и училишниот одбор се должни да не  известат – рече Јакимовски.

Тој посочи дека досега е сменет само еден директор, кој бил при крај на мандат поради некои активности кои според него биле недозволени и во училиштето веќе е поставен нов директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот