Јакимовски: Ако не умрам од тешка болест, ќе умрам од смеење со Мицкоски

Стевчо Јакимовски, фото: Фејсбук

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку социјалните мрежи го изрази својот став во врска со францускиот предлог за почнување преговори на земјава со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Јакимовски објавата ја искористи и да го критикува Христијан Мицкоски, со кого неодамна ја раскинаа коалицијата.

„Ако не умрам од тешка болест, ќе умрам од смеење и тоа од Христијан Мицкоски. Замислете, човекот вика ги откажал протестите за да се фокусира на „францускиот предлог“ и Вие очекувавте и натаму да стојам зад овој човек, кој кога не знае што прави прибегнува кон лага. Протести не планирал а за „францускиот предлог” се концентрира како да излаже дека е против, а во исто време да го поддржи. ГРОМ не игра така! Ние имаме јасен одговор, ПРОТИВ!“, напиша Јакимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот