Јаќимовиќ: На Балканот му е потребен мир, војните на сите им се преку глава

Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јакимовиќ денеска имал средба со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на која разговарале и за нон пејперот, кој деновиве ја разбранува јавноста, околу наводната поделба на БиХ и прекројување на границите на Балканот. Јакимовиќ при денешната посета на Штип и на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов порача дека на сите на Балканот им е потребен мир, и оти војната им е преку глава.

-Секоја држава особено Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина имаат свој став околу нон пејперот. Она што сигурно можам да го кажам и како амбасадор на Босна и Херцеговина е дека пред се сите сакаме мир на овие простори, бидејќи војна и сите тие воени случувања на сите ни се преку глава. Јас мислам дека на сите пред се ни треба мир, секако добра економија и стабилност, вели Јакимовиќ.

Амбасадорот на БиХ Јакимовиќ и штипскиот градоначалник Николов разговарале околу восптоставување на подобра економска и туристичка соработка. Николов истакна дека на средбата разговарале и за збратимување на градот Штип, со некој град во оваа држава, со цел подобра соработка и развивање на пријателство. Јакимовиќ очекува деновиве  Босна и Херцеговина и Северна Македонија да потпишат и договор за соработка во делот на туризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот