Јајце од 3 метри во Свети Николе

На Градскиот плоштад во Свети Николе по повод претстојниот празник Велигден денеска беше поставено големо велигденско јајце. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека на големото јајце има мотиви од црквата „Свети Никола” и заштитникот на градот Свети Никола и овчеполието.

– Главни „виновници” за ваквото грандиозно дело со висина од три метри, ширина од два метра и тежина од 600 килограми се нашите сограѓани, Иле Панајотов, кој со математичка и професионална изработка го изработи велигденското јајце. Магијата претворена во уметност беше во рацете на Маја Ефтимова Стојанова и целиот тим зад неа од надарени, неуморни, мотивирани, посветени луѓе – Иле Михајловски и Сања Накова, ликовните уметници Биљана Трајанова и Бојан Тосевски – рече Велковски.

Тој истакна дека граѓаните на Свети Николе се гордеат со трудот и креативноста на тимот,  што го разубави градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот