Јаховиќ: Да покажеме дека сме сериозни кандидати за учество на Мундијалот во Катар

Најдобрите македонски репрезентативци подготвени за новите предизвици/Фото: facebook/ФФМ

На ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, македонската најдобра репрезентација предводена од новиот селектор Благоја Милевски ги има подготовките за претстојните септемвриски квалификации за пласман на Светско првенство.

Помеѓу нашите најдобри фудбалери повторно е напаѓачот Адис Јаховиќ за престојните три квалификациски натпревари за учество на Мундијалот во Катар 2022 против Ерменија на 2 септември во Скопје, три дена подоцна со Исланд во Рејкјавик и против Романија на Националната арена „Тодор Проески на 8 септември.

– Разговаравме пред два месеци со селекторот, имавме состанок, разговаравме за моето враќање во репрезентацијата. Нормално дека чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за репрезентацијата, секогаш сум го чувствувал тоа за мојата татковина. Но, такви беа ситуациите, што било, поминало, не сакам да се враќам во минатото. Новиот повик од новиот селектор ме радува, многу среќен што сум дел од репрезентацијата, чувството е нормално како и првиот пат кога бев повикан кога имав 26 години. Радосен сум, мило ми е што сум дел од ваква квалитетна и добра репрезентација, се надевам дека ќе се однесуваме заедно, ќе се адаптираме, момците ги знам и тие мене. Сè е до нас, само треба да покажеме на теренот.

Елмас: Тешко е да се следат чекорите на бате Горан, новиот селектор добро го познаваме 

Ќе го дадам максимумот за репрезентацијата да направиме добри резултати како тим, се вклопувам во овој тим, треба да одиме од натпревар во натпревар. Сега се подготвуваме за дуелот со Ерменија, направивме една добра анализа, на тој меч треба да одиграме како што треба, а потоа ќе размислуваме на Исланд.

Три меча во густ период од седум-осум дена, ќе биде интензивно, но сите ние сме добри, квалитетни играчи, не за џабе сме сите тука повикани. Играме во добри клубови и се надеваме дека со добри резултати ќе ја израдуваме оваа држава и да покажеме дека сме сериозни кандидати за тоа квалификување на Светското првенство – вели нашиот репрезентативец Јаховиќ кој од 2012 до 2016 година за националната сениорска селекција имаше 15 настапи и три голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот