Јаховиќ промовиран во Анталијаспор

Поранешниот македонски репрезентативец во вториот дел од сезоната ќе претставува големо засилување на тимот ќе се бори за опстанок во турската Супер лига.

Адис Јаховиќ денеска и официјално беше претставен како нов фудбалер на Анталијаспор кого во вториот дел го очекува борба за опстанок во турската Супер лига.

Поранешниот македонски репрезентативец потпиша едно ипол годишен договор, со можност сораборката да се продолжи соработката на уште една сезона.

– Можам да ветам дека ќе придонесам за да се остварат целите и дека брзо ќе ја вратиме Анталија каде што ѝ е местото. Ќе уживам играјќи со Подолски и ќе биде многу важно за тимот да дадеме сè за да помогнеме во остварувањето на целите – изјави Јаховиќ.

Анталијаспор ќе биде четвртиот турски клуб за Јаховиќ, тој во 2016 година пристигна во Гецтепе, потоа следеше трансфер во Коњаспор. Изминатото лето потпиша за Малатија за која во првиот дел од сезоната постигна 11 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот