Јагуриновски од Вардар замина во Исланд кај Алушовски

Јагуриновски за прв пат во кариерата ќе игра во странство/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешниот младиски репрезентативец на Македонија, Томислав Јагуриновски си заминува од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Исланд, поточно во екипата на Тор каде тренер е Стевче Алушовски.

Алушовски минатата сезона го предводеше Вардар до двојната круна во мак ракометот, и добро ги знае квалитетите на Јагуриновски кој освен на десната бековска позиција може да игра и како десно крило.

Екипата на Тор оваа сезона се натпреварува во втората исландска лига, но има амбиции да избори пласман во првата лига, а Алушовски смета дека Јагуриновски со својата сестраност ќе му биде од голема корист во остварување на целта.

Ова ќе биде прво интернационално искуство за Јагуриновски кој досега настапуваше за екипите на Металург и на Вардар.

Видео на денот