Јадранското Море меѓу НАЈЗАГАДЕНИТЕ ВО ЕВРОПА, проблемот најизразен во туристичката сезона

јадранско море
Фото: Архива

Според списанието „Marine Pollution Bulletin“, Јадранското Море, иако е едно од најубавите, во исто време е и меѓу најзагадените мориња во Европа, наведува „Нешенл џиографик Србија“.

Отпадот во Јадранското Море доаѓа од вкупниот број на околу 4 милиони жители кои живеат на крајбрежјето, а во текот на туристичката сезона овој број се зголемува во просек шест пати.

Проблемот со Јадранското, а слично и со Средоземното Море, е што се работи за мориња од полузатворен тип, кои се тесни и плитки.

Околу 90% од загадувањето на Јадранот доаѓа од Хрватска, а струите носат отпад и од Албанија. Повеќе од 70% од отпадот доаѓа од копното, а остатокот го носат морските струи. Најголема количина од отпадот сочинува пластиката, а потоа и алуминиумски остатоци од лименки и конзерви. За жал, ова важи за целиот Медитеран, каде еколошката свест воопшто не е на високо ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот