Јадранско Море: Две водени торнада кај хрватскиот остров Млет (ВИДЕО)

Фото: facebook.com/istramet/printscreen

На специјализираниот метеоролошки портал „ИстраМет“ се објавени снимки со две торнада што денеска се забележани во близина на островот Млет.

Двете торнада се создале во морето кај Млет и засега нема информации за какви било штети што ги причиниле или би можеле да ги причинат.

Денеска е последниот календарски ден на летото што на Јадранот е проследен со променливо време. На можни нестабилности предупреди и „Метеоаларм“ кој го прогласи крајбрежното подрачје како жолта зона на опасност од евентуални временски неприлики. Метеоролозите најавуваат дестабилизација на временските услови во наредните денови поради ладниот и влажен бран што се очекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот