ЈАДЕТЕ НА БИРО? Овие совети ќе ви помогнат да избегнете непотребен внес на калории

јадење биро работа
Фото Профимедиа

Оброците на работното место се една од најголемите причини за внес на премногу калории, а со тоа и создавање вишок килограми.

Преиспитајте ги своите навики за исхрана на работното место, а тоа ќе ви помогне да имате повеќе контрола врз она што го јадете.

Носете своја храна од дома

На овој начин нема да се „товарате“ со сендвичи, печива или пица. Секогаш кога сте во можност, подгответе си храна од дома, но само доколку имате фрижидер на работното место, за да избегнете можност за труење.

Раздвижете се

Воведете кратки паузи на секои 60 минути од работното време. Ако имате доволно време, еднаш до двапати во денот прошетајте на кратка релација околу компанијата.

Пијте доволно вода

Ако не пиете доволно вода, тогаш може да се случи вашиот мозок жедта да ја помеша со глад, па да изедете повеќе храна отколку што ви е потребно. Секогаш имајте свежа вода во шише на бирото.

Одолејте на искушенијата

Автоматите со грицки и десерти, порачувањето пица, тортите за роденден, сето тоа носи со себе и масти и калории. Не треба целосно да се исклучите од тоа, но обидете се да одолеете на непотребните калории во поголем дел од времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот