ЈАДЕЛЕ КЕБАПИ И СЕНДВИЧИ во Сребреник, па се отруле: Дури 71 лице завршиле на лекар, 22 задржани во болница – Слободен печат
ВестиРегион

ЈАДЕЛЕ КЕБАПИ И СЕНДВИЧИ во Сребреник, па се отруле: Дури 71 лице завршиле на лекар, 22 задржани во болница

Над 70 лица побарале лекарска помош, откако јаделе во познат фаст фуд ресторан во Сребреник.

Од 71 затруени со контаминирана храна од познат фаст фуд ресторан, во тузланската болница биле задржани осуммина најтешки случаи.

На подрачјето на Тузланскиот кантон е почната процедура за прогласување на епидемија на труење со храна. Сите конзумирале храна од објект во општината Сребреник, но има затруени и во местата Градачац, Грачаница и Тузла.

На Клиниката за инфективни болести во Тузла се јавиле 22 пациенти, додека другите побарале помош во здравствените домови. Осуммина се задржани на лекување, а фаст фуд ресторанот е затворен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close