Ја виделе маќеата топлес додека ја чистела гаражата: Ја чека сериозна казна
Жена од Јута е обвинета пред судот поради голотија, бидејќи посиноците ја виделе топлес во сопствениот дом, се бори за невиност, бидејќи доколку ја осудат може да биде регистрирана како сексуална престапничка.
Таа и нејзиниот маж, татко на децата, ги соблекле маиците за да не се извалкаат, додека ја средувале гаражата. Адвокатите Тили Бјукенен наведува дека законот не е фер, бидејќи не ги третира исто мажите и жените поради разголување на градите.
Тие бараат од судиите да го променат обвинението за непристојно однесување и да го прогласат тој дел од законот за неуставен.
Обвинителите, од друга страна, сметаат дека во американското друштво под голотија подразбираат женски гради и дека сите закони се базирани на морал.
Судијата, сепак, смета дека случајот е премногу важен за одлуката да се донесе веднаш, па одлуката се очекува дури наредните месеци.
Кога децата, кои имаат од 9 до 13 години влегле и ја затекнале без горен дел на облека, таа објаснила дека себеси се смета за феминистка и дека се обидува да истакне дека сите треба да се чувствуваат комфорно додека шетаат во својот дом или било каде покажувајќи гола кожа. Тили Бјукенен во февруари е обвинета за три точки за непристојно однесување, во кое е вклучено и дете.
Социјалните служби отпочнале истрага поради децата кои не се нејзини, а мајката на децата го пријавила инцидентот на надлежните, бидејќи била загрижена.
Нејзиниот сопруг не е обвинет иако и тој од појасот нагоре бил гол.
– Тоа се случи во приватноста на мојот дом. Мојот сопруг беше покрај мене, гол на истиот начин како и јас, а него не го обвинија, наведува таа.
Доколку судот пресуди дека таа е виновна, Тили Бјукенен би можела да биде регистрирана како сексуален престапник на 10 години.