Jа урнаа и Хрватска – Црногорците не се „аутсајдери“, сонуваат за полуфинале на ЕП!

Црногорците не се аутсајдери и најавуваат борба за осминафинале/Будимпешта, Унгарија/20 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Денот започна со сензационалниот триумф на црногорската тенисерка Данка Ковиниќ над актуелната шампионка на „УС Опен“, Ема Радукану во Мелбурн, а попладнево повторно блеснаа црногорските ракометари!

Тие на стартот од главната фаза на Европското првенство денеска во Будимпешта изненадувачки убедливо ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со резултат 32:26.

Освен во првите неколку минути од овој натпревар, црногорската репрезентација цело време имаше водство. На полувремето веќе беше 15:9 за селекцијата на Црна Гора, а најмногу што успеа Хрватска во продолжението беше да заостанува четири голови разлика во неколку наврати.

Бранко и Милош Вујовиќ постигнаа по седум гола во победничката селекција, Грбовиќ ги следеше со пет, а во хрватската репрезентација најефикасен беше Чупиќ со седум гола, додека Лука Циндриќ постигна пет.

За тоа време во групата „2“, Шведска беше подобра од Русија со 29:23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот