Ја тресеше мрежата на 78 клубови, но еден играч и натаму е пред Роналдо!

Португалецот Кристијано Роналдо наскоро во старо-новиот дрес/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус синоќа на домашен терен го совладаа Кротоне со 3:0, а уште еден одличен натпревар одигра Кристијано Роналдо.

Португалецот и оваа сезона е најдобар играч на „Старата дама“, а во вчерашниот натпревар успеа двапати да се запише во листата на стрелците.

Роналдо ги заокружи сите екипи од Серија А, бидејќи во лигата нема клуб против кој не постигнал гол барем еднаш. Моментно сезонава има 18, еден повеќе од Ромелу Лукаку (Интер).

Исто така, дојде до импресивна бројка од 78 клубови во Топ 5 европските лиги (Италија, Шпанија, Франција, Англија, Германија) против кои успеал да дојде до погодок. Претходно тоа го правеше со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Но, ток не води на таа листа, бидејќи пред него е само еден играч. Станува збор за Златан Ибрахимовиќ кој реализирал гол против 79 клубови од Топ 5 европските лиги.

Швеѓанецот играше дури во четири лиги, не настапил само во Германија, како и Роналдо кој исто така не настапил во Бундеслигата, ниту во француската „Лига 1“.

Ибра и натаму ќе остане на врвот, освен доколку голгетерот на Јуве не одлучи да се пресели во Франција или Германија (во Италија против сите реализираше), но можеби не се реални опциите.

ВИДЕО: Роналдо и Јувентус не се откажуваат од титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот