Ја следат преку 4 милиони луѓе, мажите „умираат“ за неа, а таа вели дека се поправила неколку килограми! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Една од најуспешните модни блогерки на денешницата, Негин Мирсалехи ја следат повеќе од 4 милиони следбеници.

Таа со својот префинет вкус за мода на многумина служи како пример, а на телото и убавината и завидуваат многу.

Меѓутоа, неодамна популарната блогерка Негин сподели доста интересна фотографија на својот профил на Инстаграм.

Имено, Негин се пожалила дека за време на одморот накачила неколку килограми повеќе и кои прилично се гледаат на нејзиното тело.

– Јас првиот дн на одмор (лево) и јас првиот ден по враќањето дома (десно). Добив плус килограми, а не вежбав ниту еднаш, јадев неверојатна храна и не се кајам воопшто. Сите ние сме луѓе и мораме да бидеме фини кон себе. Мислам дека е важно ова да го споделам. Ајде да бидеме подобри кон себе – напишала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот