Ја силувале пред очите на сопругот, па заболела од рак: Актерката објави шокантни детали

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Популарната актерка Фран Дрешер се прослави со улогата на дадилката Фран во серијата „Nanny“, која беше една од најгледаните во деведесеттите години.

Фран зборуваше за трауматичното искуство низ кое поминала. Имено, во 1985 година, кога имала 28 години, актерката била силувана. Деталите за овој настан, како и последиците со кои се соочила по трауматичното искуство, таа ги објави во својата автобиографија, која неодамна беше објавена.


Во текот на една вечер, додека актерката и нејзиниот сопруг уживале со својата пријателка и престојувале во кујната од нивната куќа, разбојници упаднале во нивниот дом, а потоа ги силувале Фран и нејзината пријателка. Разбојниците им се заканувале со пиштоли, додека нејзиниот сопруг Питер Марк Џејкобсон бил врзан и принуден сето тоа да го гледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)

„Тогаш не знаевме дека овој човек и неговиот брат се на условна слобода. Беше ужасно да се помисли дека е затворен, а потоа ослободен, а тоа го направил после се“, изјавила актерката.

Иако била преплашена од овој настан, успеала да го опише насилникот на полицијата, па властите брзо успеале да го пронајдат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)

„Бидејќи имам фотографска меморија, им помогнав на полицијата и на илустраторот да направат скица според која подоцна го пронајдоа и го приведоа“, изјави Фран.

Човекот кој ја силувал актерката и нејзината пријателка е позади решетки, а ова сознание и го олеснува погледот на овој настан, бидејќи сега е сигурна дека тој повеќе нема да направи нешто слично на некого.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fran Drescher (@officialfrandrescher)

„Барем после сè што го имав тој крај, кој го немаат многу жени. Не морам да се плашам да го сретнам зад аголот. Откако се случи, им кажав на пријателите, но немав сила да им се јавам на родителите и да им кажам што се случило“, открила актерката.

Фран за силувањето првпат проговори во 1996 година, кога и беше дијагностициран рак на матката, а деталите за ова искуство ги напиша во својата автобиографија „Enter Whining“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот