Ја пронашол својата мајка по 30 години: Еве што се случило кога дошол во нејзината куќа…

unsplash

41-годишниот Стивен Смит од Велс бил посвоен како тримесечно бебе, а откако ја дознал вистината, тој сакал да го најде своето биолошко семејство…

Поминал неколку децении во потрага по неговата мајка, жена по име Дафни Морис Џонс и кога конечно ја пронашол и решил да ја посети, животот му удрил уште една шлаканица…

Стивен е роден во Кармастен, Велс, кога бил тинејџер дознал дека е посвоен веќе живеел во среќниот дом на неговите посвоители во Херлоу, Есекс. Веста дека прво бил регистриран како Џејсон Нил Џонс го шокирала, а било особено неверојатно кога социјалните служби го загубиле неговото досие по раѓањето…

Смит триесетина години го барал своето биолошко семејство, а минатата година, откако направил ДНК тест, го пронашол својот брат.

Се покажа дека пред неколку години и мојот брат го направил тестот и на тој начин тие успеаја да нè спојат. За него се грижело друго семејство, тој живееше околу половина час далеку од мене во Есекс, а ние не знаевме дека сме браќа, ниту пак некогаш сме се сретнале“, изјави Стивен, кој потоа ја открил адресата на неговата мајка.

Еден ден решил да ја посети, но доживеал уште еден шок кога дошол во имотот на неговата мајка.

Тропнав на вратата, но никој не отвори. Соседите ми кажаа дека не ја виделе неколку недели. Пред вратата имаше натрупано писма… Влегов внатре и ја најдов мајка ми како лежи мртва на плочките во бањата. Утврдено е дека доживеала срцев удар“, раскажал Стивен, пренесува „Метро“.

Иако никогаш не ја запознал својата биолошка мајка Дафни, Стивен го организирал нејзиниот погреб, и таа била погребена во близина на домот во кој живее, за да може почесто да ја посетува. Стивен, исто така, открил дека неговиот татко бил испратен во затвор наскоро по раѓањето на децата, оставајќи ја мајката со децата. Дафни не можела да се грижи сама за децата, па морала да ги даде на посвојување.

Стивен претпоставува дека има уште неколку „изгубени“ браќа и сестри низ Велика Британија и би сакал да стапи во контакт со сите нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот