Македонец купил 15-годишна невеста за 1.600 евра, обвинет за трговија со дете

Фото: Profimedia

Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против маж од Скопје кој е обвинет за кривично дело трговија со дете. Во обвинителниот акт пишува дека во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1.600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел за нејзината возраст.

„Малолетник ја подвел својата 15-годишна роднина на претходно договорен присилен брак. Со измама ја земал и ја однел на договореното место каде бил сега обвинетиот кој ја платил бараната сума пари и со насилство се обидел да ја обљуби девојката кое дало отпор, успеало да се спаси од него и да им се јавила на родителите. За обвинетиот до судија на претходна постапка побарано е продолжување на притворот“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот