Ја пријавил сопругата за исчезната, а по неколку дена полицијата ја нашла сокриена во плакар во семејниот дом

Родни Вилер (48) од Западна Вирџинија е осуден на осум месеци затвор затоа што ѝ помогнал на сопругата Џули да ја лажира сопствената смрт за да избегне казна за здравствена измама.

Двајцата ја измислиле оваа приказна минатата година сѐ со цел Џули да избегне обвинувања поради измама, за што претходно била осудена.

Обвинителството соопшти дека на 31 мај 2020 година, Родни повикал полиција, велејќи дека неговата сопруга паднала во клисурата Њу Ривер во Западна Вирџинија.

Неговите лажни тврдења поттикнаа неколку агенции, како и волонтери, активно да се вклучат во потрагата, додека жената всушност се криела дома.

За време на сослушувањето што се одржа во јануари годинава, Родни се изјаснил за виновен за заговор за попречување на правдата. Прво ќе мине два месеци во федерален затвор, а потоа шест месеци во домашен притвор, по што ќе биде ослободен, но ќе остане под полициски надзор три години.

Родни е обвинет за давање повеќе лажни изјави на властите. Тој дури го објавил исчезнувањето на неговата сопруга на својот Фејсбук профил, велејќи дека е „скршен и изгубен“, но дека потајно се надева дека Џули ќе биде пронајдена.

Полицијата открила дека Џули се криела во плакарот во нивниот дом, два дена по лажната изјава на Родни.

Двојката подоцна признала дека го смислиле овој план сѐ со цел Џули да ја избегне федералната пресуда која ѝ следела по злосторството за кое била обвинета.

Џули е осудена на 54 месеци во федерален затвор во февруари, а исто така, ѝ било наредено да плати казна во износ од 289 055 американски долари.

Извор: Србија данас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот