Ја пресекол својата девојка со пила, а потоа ја ИЗЕЛ – Телото НИКОГАШ не е пронајдено, а овој КАНИБАЛ е повторно на слобода (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Пол Дурант (60) ја изел својата девојка Карен Дурел, а после 12 години „Канибал Коста“ е пуштен на слобода.

Извор близок до фамилијата на жртвата вели дека тие сега поминуваат низ ноќна мора, иако знаеле дека тој наскоро ќе биде пуштен.

– Телото на Карен никогаш не беше пронајдено. Нејзината смрт беше многу трауматична и остави многу неодговорено прашања позади себе. Тој човек сега ќе шета на улица. Како ќе живее со тоа?, вели изворот.

„Канибал Коста“ бил хероински зависник, а девојката си ја убил во 2011 година во Шпанија. Жената имала 41 година и две деца, па потоа се развела, а Дурант тогаш бил во бегство заради грабеж на две банки. Карен ја запознал во Бенидорм после нејзиниот развод каде се преселила во потрага по подобар и помирен живот. После неколку недели, полицијата провалила во нејзиниот стан, каде нашле крв, нож и пила со траги од човечко месо – но без тело.

Дурант на полиција и рекол дека ја удрил со голем чекан.

– Откако ја убив, ја исеков на мали парчиња, па ги изедов деловите кои сметав дека можат да се јадат – рекол тој.

Дурант е осуден на 12 години затвор, а казната ја служел во Велика Британија. Односно, тој се вратил за да одслужи друга казна и тоа за грабеж, во траење од осум години и осум месеци.

Дурант неодамна се доселил во еден кварт во Лондон. Откако дознале кој им е новиот комшија, жителите во населбата се загрижени и кажуваат дека овој канибал пие многу и оди во пабови. Но, сите го избегнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот