Ја премина Селма Хајек и стана најбогатата француска снаа: Нејзиниот прв сопруг морал на рехабилитација по разводот

Руската манекенка Наталија Водијанова се омажи со Антоан Арно, чиј татко Бернард е сопственик на една од светски најпрофитабилните компании LVMH Moet Hennessy. Се проценува дека неговото богатство изнесува неверојатни 84 милијарди фунти, што го прави трет најбогат човек на светот после Џеф Безос и Бил Гејтс.

Наталија по вторпат се мажи во богато семејство, а овој пат венчавката се случи на интимна церемонија во Париз. Наталија и Антоан се заедно веќе 10 години, а првобитно планираа голема венчавка на 27 јуни годинава, но датумот го поместија поради пандемијата на коронавирусот.
Манекенката објави фотографии од венчавката на социјалните мрежи.

Која е Наталија Водијанова?

Наталија, која поради својата животна приказна е наречена и Пепелашка, пораснала во едно руско село со самохрана мајка и аутистична сестра, а во младоста работела на пазар. Токму тука ја забележал модниот агент, а на 17 години се иселила во Париз. Во 2001 година го запознала својот прв сопруг, синот на англискиот лорд Џастин Портман, а истата година се омажила за него, во осмиот месец од бременоста.

EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Меѓутоа таа љубовна приказна не завршила убаво, а Портман изјавувал дека Русинката се срами од него, дека воопшто не ѝ недостасува откако не се заедно и дека не ѝ паѓа на памет пак да бидат семејство и дека поради неа морал на рехабилитација по разводот. Од бракот со Портман Наталија има три деца.

Наталија со лорд Џастин Портман и нивните две деца/Profimedia
Наталија со првиот сопруг лорд Џастин Портман/Profimedia

Со Антоан Арно започнала врска во 2010 година и со него добила уште две деца, Максим (4) и Роман (2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот