Ја повикале веднаш да се симне на рецепција! Старлетата ја чекало изненадување од 65.000 евра! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Сораја Вучелиќ го прослави својот 33 роденден на една гламурозна забава во Виена, каде ги собрала своите најдобри пријатели, а славеничката добила скапоцен подарок од анонимен додворувач.

Имено, неколку часа пред гламурозната прослава на роденденот, Сораја добила скапоцен дијамантски часовник од марката „ролекс“, чија вредност е 65.000 евра – изјавил извор близок на старлетата.

 

View this post on Instagram

 

#ready ???

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

– Сораја долго ја планираше роденденската забава и сакаше да ги угости своите пријатели, а за прославата го избра еден од најлуксузните ресторани во австриската престолнина. Долго до детал ја планирала забавата и воопшто не штедела пари за да ги угости своите пријатели.

Денови пред прославата Вучелиќ добивала подароци од своите пријатели. Меѓутоа, еден гест посебно ја воодушеви.

 

View this post on Instagram

 

@rolex #amazing ?

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

– Сораја беше сместена во еден од најскапите и најлуксузни хотели во Виена и на денот на роденденот ја пречека големо изненадување. Во еден момент ја повикаа да се симне на рецепција, бидејќи пристигна подарок за неа – раскажува изворот.

– Ја пречека огромен букет рожи и кутија во која беше часовникот. Станува збор за најновиот модел на дијамантски часовник од марката „ролекс“, чија вредност е 65.00 евра. Подарокот е од многу богат додворувач, кој веќе долго време е заљубен во неа, а се работи за бизнисмен кој живее во Америка. Покрај подароците, имало и честитка на која пишувало: „Дијаманти за најубавиот дијамант“, со што таа остана без текст – кажува изворот и додава:

 

View this post on Instagram

 

??

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

– Сораја љубезно се пофали со подарокот, а како знак на благодарност таа го носеше на забавата. Инаку, тој бизнисмен е заљубен во Сораја и веќе долго време и дава подароци, но таа се уште не е подготвена да влезе во врска со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот