ЈА ПОЛЕАЛЕ СО БЕНЗИН: Соседот гледал како се обидуваат да ја запалат куќата на МИРОСЛАВ ИЛИЌ

мирослав илиќ
Курир.рс

Сосед на Мирослав Илиќ во Мрчајевци пријавил дека група луѓе се обиделе да подметнат пожар во куќата на познатиот фолкер.

Како што тој сведочел, биле тројца и носеле канистери со бензин и запалки.

„Видов како полеваат со бензин. Не знам што правеле и што им е Мирослав виновен. Излезе уште еден сосед и ги праша што прават. Кога го слушнаа, избегаа“, пренесуваат српските медиуми.

Соседите велат дека не знаат кој би сакал да му наштети на пејачот.

„Избегнат е пожар. Среќа што тој и семејството не беа тука, туку во Белград. Тој е добар со сите, не знам кој би сакал да му наштети. Можеби беа само хулигани, но најважно е што е избегната трагедија“, изјавил соседот за медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот