Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

фото: EPA-EFE/Robert Ghementg

Благодарение на високата победа на Шпанија во Севиља против Словачка (5:0) во последното коло од групата „Е“ на Европското првенство, во осминафиналето ќе игра и третопласираната од групата „Ц“, Украина.

Предводена од селекторот Андриј Шевченко имаа само една победа остварена против Македонија (3:1), а загубија од Холандија (3:2) и Австрија (1:0).

Украина за првпат во својата историја се наоѓа во нокаут-фазата, досега настапите ги завршуваше во групата.

Останува да се види што ќе се случи уште во групата „Ф“, покрај Украина, како најдобротретопласирани во осминафиналето се најдоа уште Чешка и Швајцарија.

Украинците во осминафиналето ќе играат или против победникот од групата „Ф“ (Франција, Германија или Португалија) во понеделник во Букурешт, или против Шведска во вторник во Глазгов.

ВИДЕО: Шпанија фуриозна во Севиља, во осминафиналето против Хрватска!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот