Ја отрула свекрвата и се исповедала кај оџа, па заработи 32 години затвор

Фото: Газета Експрес

Две години по настанот, денеска беше изречена казната за невестата од Албанија која ја отрула свекрвата со отровот фостоксин, а потоа го признала злосторството кај оџа.

Судот за тешки злосторства на Албанија, денеска донесе пресуда Марјана Цмета да добие 32 години затвор за убиството на нејзината свекрва Лирије Лами, пренесува „Балканвеб“. Дури и за време на денешното рочиште, Марјана Цмета го негираше обвинението.

Инау, убиството на Лирије Лами се случи во Камез, Албанија. Марјана Цмета (22) во исповед кај оџата Хисен Шеху раскажала како ја измамила свекрвата (48) за да испие „магичен сок“ што всушност бил отровот фостоксин. Оџата ја снимил исповедта.

За време на рочиште што се одржа минатиот месец, Марјана изјавила дека ѝ изгледа како да слуша нешто што му се случило на друг човек.

Таа ги обвини роднините на поранешниот сопруг Олтјан Лами и оџата дека се одговорни за состојбата. Во ниту еден момент таа не призна дека ја отрула свекрвата, но призна дека дента на настанот имала физичка пресметка со неа.

Злосторството извршено во април 2017 година од Марјана, беше откриено благодарение на Олти, поранешниот сопруг, кој го откри и видеото кое беше снимено од оџата, кај кого бремената жена се исповеда со детали како за тоа како ја отрула свекрвата.

Иако не живееше со неа, Марјана била убедена дека свекрвата ѝ направила магија и одлучила да ја убие. Станува збор за исповед од 72 минути, видео кое му служеше на обвинителството за да покрене обвинение против одговорната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот