Ја откриле случајно: Татко ѝ тринаесет години ја чувал затворена во темна соба

Фото: Принтскрин/TLC

Живеела во соба широка само неколку метри. Во темнина, врзана за својот кревет. Никогаш не видела ништо друго освен две парчиња мебел, и дрвената палка со која татко ѝ ја тепал. Зборувањето и било забрането, а јадела само течна храна, пишува хрватски „Експрес“ за трагичната судбина на Гини Вајли.

Кога размислуваме за деца кои растеле во изолација, често ќе се потсетиме на Могли или Тарзан, всушност една врста на јунаци и идоли кои растат во идилична природа и иако не комуницираат со луѓето, зборуваат и се социјализираат со животните.

Некои навистина несреќни деца раснеле и се „развивале“ во потполна и апсолутна изолација, често злоупотребувани од родителите. Еден од најшокантните примери е оној со девојчето Џини Вајли.

Во 1970 година сосема случајно (бидејќи ја пратила слепата мајка по социјална помош) откриено е девојче за кое лекарите сметале дека е аутистично и со ментални проблеми, и дека има најмногу седум години. Потоа дознале дека има 13 години, а случајот го преземала социјалните служби и полицијата.

Џини покрај сопствените огромни трауми, станала и „лабораториско глувче“ за сите добронамерни научници кои сакале да истражуваат како апсолутната изолација влијае врз развојот на луѓето.

Девојчето, со огледна фактот што нејзиниот татко не поднесувал врева, не била изложена на говор. Знаела само десетина зборови кои ги научила од мајка си, која имала дозвола само еднаш дневно да влегува во собата во која Џини поминала повеќе од една декада врзана за своето креветче.

Во историјата на САД дотогаш не бил забележан толку радикален случај на изолација како што е тој кај Џини.

Нејзината мајка била кротка жена која се плашела од својот сопруг, кој толку ја злоупотребувал и тепал што таа започнала да го губи видот. Таткото пак, не сакал деца, и две од нив кои ги имал починале под неразјаснети околности. Преживеале само Џини и еден нејзин постар брат. Но таа, за разлика од братот, малку поспоро се развивала и татко ѝ самостојно заклучил дека има ментални проблеми, па на само 20 месеци ја заклучил во една соба во нивниот дом.

Брат ѝ, кој подоцна побегнал од дома, атмосферата во куќата ја опишал како концентрациски логор во кој таткото наоколу одел со пушка и реагирала на секој, па дури и најмал звук. Но, тој барем можел да оди на училиште, додека сестра му ги минувала деновите во една положба, поради која телото погрешно ѝ се развило.

Таа била сериозно неухранета, поради тоа што добивала само кашички, меко варени јајца и вода. Не можела да голта тврда храна, ниту пак да џвака. Чекала храната сама да се разгради во устата или ја стискала со своите прсти.

Тимот кој е оформен за да го разгледува и работи случајот со девојчето заклучил дека единствените фрази кои таа ги знае се „не, немој повеќе“ и „доста“, веројатно упатени за татко ѝ, кој константно ја тепал, пишува „Винтиџ њуз“.

Џини имала проблеми и со одењето, а рацете ги држела до себе како зајак. Додека нејзиниото семејство спиело во дневната соба, малечката темна и мала собичка била за Џини.

Понекогаш заборавале да ја одвржат, па таа ноќите ги минувала врзана, без можност убаво да легне. Татко ѝ пуштил нокти за да може да ја гребе кога ќе започне да произведува звуци, па кон неа `ржел и лаел како куче. Ако се соочувала со пробелми при голтање на храната, татко ѝ насилно и ја ставал во устата.

Собата на Џини секогаш морала да биде во потполна темнина, па нејзините очи никогаш не се навикнале на дневна светлина, и имала проблеми со тоа да гледа подалеку од три метри.

Нејзиниот татко ветил дека доколку таа „доживее 12 години, ќе ја открие на светот“, но потоа го прекршил тоа ветување. Откако Џини случајно е откриена и тоа е единствениот пат кога излегла надвор од куќата, нејзиниот татко не можел да ги поднесе медиумите и полицијата, па извршил самоубиство со пушка. На синот му напишал писмо во кое пишувало „биди добро момче“, а во другото писмо пишувало „светот никогаш нема да разбере“.

Со оглед дека била инвалид и не можела да ги заштите своите деца, против мајката тужбата е отфрлена.

Девојчето имало 27 килограми, не реагирало на промени на температурата, имала два сета на заби, продолжен абдомен, кревки коски, дебели лузни од врзувањето и модринките, недоволно развиени ребра и непостоечка моторика. Иако совладала минимални делови од јазикот и мал дел од социјалните норми, таа никогаш не станала социјализирана личност во буквална смисла на зборот.

Многу од лекарите биле уверени дека таа имала ментални проблеми уште од нејзиното раѓање, но тоа не била точна констатација. Имала неартикулирани изливи на бес, не реагирала на обраќање или стимулации, често удирала без причина или ја соблекувала својата облека. Никогаш не плачела, како да не можела, а не препознавала ниту изрази на лице. Не и се допаѓало ниту кога сопствената мајка ја допира.

Вокабуларот никогаш не ѝ се проширил од основните 20 зборови, и покрај трудот и работата на лекарите и психолозите. едноставно немала „мајчин јазик“.

Подоцна малку се поправила. Во болницата, по некое време, започнала да покажува среќа кога некој ја посетува. Научила да се смее и да се забавува. Била длабоко фасцинирана од клавирот како инстурмент и класичната музика, веројатно поради фактот што додека била мала таа го слушала соседот како вежба да свири на клавир. По некое време, таа се ослободила, па започнала да дава и да прима прегратки.

Лингвистите со неа биле комплетно фасцинирани. Била пример за обид кој сите сакале да го направат, но не можеле поради тоа што било комплетно неморално. Интелигенцијата и била на ниво на петгодишно дете, но имала некои силни невербални вештини. Многуте лекари кои ја следеле и истражувале успејале да се спријателат со неа. По излегувањето од боилницата променила неколку семејства кои вдомувале деца, кои секогаш биле научници кои го следеле нејзиниот напредок.

Кога наполнила 18 години, мајка ѝ барала заедно да живеат во старата куќа. Џини тоа добро не го поднела. Денес живее во државен дом, но на тајна локација. Снимен е и филм со насловот “Mockingbird Don’t Sing” (Колибрите не пејат), во кој се изменети имињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот