Ја откри причината за разводот со Бред Пит: Анџелина Џоли прозборе по 4 години!

epa-efe
EPA/JIMMY MORRIS

Поминаа точно четири години откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит.

Актерката во интервју за „Vogue India“ раскажала зошто одлучила да го остави славниот актер.

Како што навела, воглавно тоа било поради нивните деца:

– Се разведов поради доброто на своето семејство. Тоа беше исправна одлука“ – изјавила Анџелина за магазинот, па продолжила:

– И понатаму се фокусирам на нивното воспитување. Некои го искористија моето молчење, а децата слушаат лаги за себе во медиумите, но ги потсетувам да ја знаат својата вистина за себе. Всушност, тие се многу храбри и силни млади луѓе“ – изјавила актерката.

Анџелина исто така проговорела и за одгледувањето на своите деца:

– Тоа што е важно е да зборувате отворено со нив за сè. Посвојување и дом за деца без родители се позитивни зборови во нашиот дом. Со посвоени деца не можам да разговарам за бременост, но детално им зборувам за тоа како ги пронајдов и како беше кога ги погледнав првпат в очи…

Многу сум благословена што добив дозвола да бидам нивна мајка. Секојдневно сум благодарна за тоа“ – изјавила актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот