Ја откажаа венчавката, па раскинаа: Денеска сите се прашуваат дали Бен Афлек и натаму ја сака Џенифер Лопез?

Profimedia
Фото: Профимедиа

Од нивното раскинување поминаа 16 години, а големиот холивудски заводник неодамна во едно интервју призна дека и натаму е во контакт со Џеј Ло и за неа има само пофални зборови.

Актерот Бен Афлек (47) и пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) важеа за еден од златните холивудски парови, а се разделија во 2004 година, иако многумина сакаа нивната врска да кулминира со брак.

Од нивното раскинување поминаа 16 години, а големиот холивудски заводник неодамна во едно интервју призна дека и натаму е во контакт со Џеј Ло и за неа има само пофални зборови.

– Се слушаме од време на време и јас многу ја почитувам. Зарем не е неверојатно некој својот најголем филмски хит да го сними на 50 години? – рече актерот.

Токму овој коментар на Афлек наведе многумина да се запрашаат за тоа дали актерот и натаму гаи чувства кон Џеј Ло, 16 години по нивната разделба.

За потсетување, Бен и Џенифер се запознаа при снимање на еден филм, а Афлек ја запроси во ноември 2002 година.

Меѓутоа, од непознати причини, парот ја откажа својата свадбена прослава во септември 2003 година, само еден ден пред таа да се одржи.

Парот официјално раскина во 2004 година, а тогаш како причина за тоа го наведоа големиот медиумски притисок.

– Не сакавме да имаме јавна врска. Почнавме да се забавуваме кога се создаваа таблоидите. Не знаевме за тој притисок, не ни претпоставувавме дека ќе биде толку силен – изјави Лопез во 2016 година, во едно интервју за „Extra“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот