Ја одложи свадбата за да се грижи за заболените: Лекар од Вухан е еден од најмладите кој почина од коронавирусот

„Не стигна ниту да испрати покани за својата свадба“, рекоа неговите пријатели.

Пенг Јинхуа (29), лекар од Вухан вчера почина од последиците на коронавирусот. Тој е најмладата жртва на смртоносниот вирус кој досега однесе повеќе од 2.200 животи и зарази најмалку 76.000 луѓе.

Јинхуа се заразил грижејќи се за пациенти сместени на Одделението за интензивна нега во болницата во Вухан.

Младиот Пенг планирал свадба уште пред неколку недели, но истата ја одложил за да се грижи за пациентите. Се договорил со вереницата да слават кога ќе пројде епидемијата. Свадбата, за жал, никогаш не ја дочека.

Првите симптоми Пенг ги покажал на 25 јануари кога итно е хоспитализиран, а пет дена подоцна, дошло до нагло влошување на неговата здравствена состојба.

– Не стигна ниту да испрати покани за својата свадба – рекоа неговите пријатели.

За потсетување, Пенг е третиот лекар кој почина од коронавирусот. Во студија, која ја изработи кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, откриено е дека дури 80 отсто од случаите на коронавирусот биле поблаги, но дека медицинските работници, хронично болните и стари луѓе се најзагрозени од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот