Ја одби Германија, македонскиот фудбалски бисер е новиот „змеј“ (ФОТО)

facebook.com/fkborec1919/

Вождовац е новиот предизвик за младиот перспективен играч кој одлучи да го направи својот прв странски трансфер.

Ѓорѓиевски кој игра во делот на нападот (19) со „змејовите“ потпиша договор на четири години и ќе го носи бројот 35 на дресот, како негов среќен број.

Дел од младинските категории на Вардар, повеќе пати беше најдобар стрелец во нашите младински лиги, поради што и добиваше и признанија од ФФМ.

fkvozdovac.rs

Минатата сезона ја помина во второлигашот Борец од Велес кој успеа да се промовира како прволигаш.

Токму Ѓорѓиевски помогна на тој пат како најдобар стрелец во Втората лига, иако играше само во вториот дел од полусезоната во кој на 12 натпревари постигна 16 голови.

На тој начин го привлече вниманието на многу европски клубови, имал понуди од Германија, Португалија и Хрватска, но на крајот српскиот Вождовац бил најконкретен, го исплати обесштетувањето и доби вредно засилување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот